Сите притисоци, сите закани, уцени, репресија, прогон, сето политичко мотивирано замолкнување на народот, на опозицијата, на политичките неистомисленици од октроираната власт за една намена, НЕ успеаја да ја замолкнат Македонија.
Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси.
Потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов беше во посета на општина Градско на средби со граѓаните и поддржувачи на партијата.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа во недостиг на суштински аргументи, се служи со лажни вести преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.
Заев, Анѓушев и нивната „ќе“ влада и прават ненадоместливи штети на македонската економија. Додека целиот регион и цела Европа бележат раст на економиите, следејќи го глобалниот тренд, расипничкиот картел на власт ја уназадува државата и ги осиромашува граѓаните.
СДСМ го слушна мислењето на граѓаните разговара за процесот на реформи, како и за предзвиците на Република Македонија за сигурна и стабилна иднина.
Како партија која што 11 години ја пустошеше Македонија и ги осиромашуваше граѓаните, додека нејзините челници грабаа се што можеа да грабнат, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаква разлика во нејзиното однесување и делување.
Граѓаните вчера покажаа дека не му се плашат на Зоран Заев и неговиот криминален картел и дека мислат дека треба да се стави крај на неговото уништување на државата.
Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов по протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својот профил објави слики од чистењето на делот од Илинденска на просторот каде што опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера оддржа анти-владин протест.
Дел од вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ беше и сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Рози Мицкоска. Ова е нејзино прво појавување на јавен настан од како Мицкоски стана Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.