Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, се сретнаа со претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по сртот на парк-шумата Водно.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во Вестите на Телевизија Телма изјави дека оваа власт нема слух за многу проблеми на граѓаните, па затоа опозицијата е принудена да излезе на улица.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија повика што е можно повеќе граѓани да дојдат вечерва пред Владата и да се приклучат на антивладиниот собир за, како што рече, што поскоро да се урне оваа ненародна власт и да дојдат достојни политичари кои достоинствено ќе се заложат за одбрана на интересите на граѓаните.
Очекуваме да имаме огромен, масовен протест каде сите граѓани, без разлика на нивната верска, национална или партиска припадност ќе ни се придружат и ќе го искажат незадоволството од политиките кои што оваа влада ги води или поточно речено не ги води.
Николоски рече дека начинот на кој СДСМ и Заев ги водат преговорите за спорот со името со соседна Грција е на еден аматерски и недоличен начин, бидејќи никој не смее да разговара и да ги продава националните и државните интереси на граѓаните на Република Македонија.
Начинот на кој што Зоран Заев ја водел партијата до сега го пресликува и начинот на водењето на Владата и државата.
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, беше меѓу граѓаните на Новаци. На средбите и отворената граѓанска трибина се разговараше за спроведувањето на реформите и мерките од програмата коишто обезбедуваат подобар живот за сите граѓани.
Овој Извештај на Државниот завод за ревизија е уште доказ за тоа како функционирала ВМРО-ДПМНЕ и внатре, во работата на самата партија.
Веќе цела година од изборот на новата власт, заедно правиме коренити промени во нашата држава. Тоа се промени со кои Македонија се опоравува од 11 години режим, промени со кои се ослободува заробената држава, промени со кои се враќа правдата и довербата кон институциите.
СДСМ цела година ја враќа Република Македонија назад. Ја враќа назад во секој поглед. Една година економијата е во стагнација, без никаков раст, една година државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта.