Измина година во која октроираната власт на Заев, Ахмети, Гаши, Тачи, Амди Бајрам, Милевски и Тито, заедно во власт за една намена, ги срушија темелите врз кои долги години опстојуваше Република Македонија.
Заев продолжува да гази по достоинството на бранителите и нивните семејства, и да ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Диво Насеље.
Во своето обраќање пред членовите на ЦО, претседателот Заев истакна дека Македонија никогаш не била поблиску до изнаоѓање на достоинствено решение на спорот со Република Грција коешто истовремено ќе го зачува и зајакне нашиот идентитет.
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски вчеравечер беше во посета на Куманово на средби со граѓани, членови и симпатизери на СДСМ од оваа општина.
Една година СДСМ, една година лаги, расипништво и економска катастрофа. Република Македонија економски тоне, во услови кога цела Европа бележи раст, нивото на раст на БДП кај нас е 0%.
Мицкоски пред прилепчани истакна дека владеењето на Зоран Заев е исполнето со нереални ветувања и шарени лаги.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во дебатната емисија на Алсат-М телевизија, „200“ истакна дека на протестите кои ги организира опозицијата на 2 јуни, народот ќе испрати јасна порака до Владата, порака на незадоволство.
Денес бев во градот херој Прилеп кој многу дал за Македонија, место на комитскиот и партизански непокор и пркост, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва заседава за повеќе актуелни теми, а во фокусот е текот на разговорите за спорот за името со Грција.
Лаги, расипништво и економско пропаѓање. Ова се главните обележја на едногодишното владеење на Зоран Заев и криминалниот клан околу него.