Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во изминатиот период посети повеќе населени места низ Македонија, на средби со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вчерашната дебатна емисија на Алсат-М телевизија, ,,200’’ истакна дека на протестите кои ги организира опозицијата на 2 јуни, народот ќе испрати јасна порака до Владата, порака на незадоволство.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Цената на дизелот од јули минатата година до денес се зголеми за над 40 проценти, односно од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега во 2018 плаќаат го 65 денари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оддржа состанок и средби со граѓани во Битола. Мицкоски при посетата на Битола, прошета и низ Широк Сокак, а доби и масовна поддршка од битолчани.
Штотуку бев во гордата и достоинствена Битола. Одржав состанок и средби со граѓани и можам да кажам со сигурност дека загриженоста за тоа каде се движиме како држава никогаш не била поголема, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Со организирање на еден голем народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака до актуелната власт дека и по помината една година доста е со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, комплетно разурната економија.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот ФБ профил објави план, според кој наводно ќе тече промената на името и добивањето на покана за членство во НАТО.
После 11 годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг.
Фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка.