Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари теренска посета и средба со граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.
Една година СДСМ, една година зголемување на сиромаштијата. Цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40%. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат 65 денари.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири лаги во отсуство на било каква политичка понуда и без концепт за политичко делување.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Алфаскоп“ истакна дека владата на СДСМ освен тоа што е фокусирана околу решавање на спорот со името, на ниту едно друго поле и ниту еден друг министер не работи апсолутно ништо.
ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои одбиваат да го видат напредокот на Македонија и наместо да се приклучат во реформите што ја движат Македонија, тие продолжуваат да работат спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци.
Нема тука пониско или повисоко, тука има ниво на одговорност која што мора да гарантира владеење на правото, владеење на институциите и независност на судството и тоа е она што е неопходно за Република Македонија.
И утре да бидат, ние сме подготвени за избори, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа ТВ.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за вработување на неопределно време на голем дел од наставниците и професорите во основното образование, со што се реазлизира уште една мерка преку која се унапредува образованиот систем.