Ова е ден кога се потсетуваме на големината на Браќата Свети Кирил и Методиј. Ние треба да бидеме среќни и горди како народ, бидејќи Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време.
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
Додека криминалниот картел ја пустоши државата, Заев си најавува политички пресуди кои судот само ги запишува на хартија и потоа ги презентира.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Мет Палмер.
– Не само што не сте ги послушале граѓаните, туку ги игнорирате. Вие до 2020 година не можете ни да помислите да почнете да го градите Клинички центар.
Најави дека се ревидира и проектот за изградба на автопатот кон Блаце и додаде дека до крајот на годинава ќе биде пуштен автопатот Миладиновци-Штип, а во 2021 Кичево-Охрид.
- Ќе донесеме живот, ќе изградиме патишта. Ќе направиме нов клинички центар, ќе ја подобриме администрацијата. Ќе отвориме нови работни места, ќе донесеме странски инвеститори. Ќе ги зголемиме платите, ќе направиме реформи во судскиот систем. Веќе година дена функционирате на ќе. Ништо конкретно, ништо реализирано, истакна Мицкоски.
Нула проценти е растот во 2017 година, го проектиравте на 2,6 со ребалансот, па потоа крајот на ноември на 1,6 го нивелиравте иако цел свет ви велеше и Светска банка и ММФ и јас дека нема да го постигнете, ова во вечерашниот ТВ дуел го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Верувајте и на Светска банка и ММФ кои се скептици дека растот во 2018 година ќе биде 3,2 отсто. Едните го намалија на 2,8, а другите на 2,2 отсто, потенцира Мицкоски.
Нагласи дека во моментов се преговара со 200 потенцијални инвеститори и додаде дека изедначувањето на условите за домашните и странските инветитори ќе проидонесе повеќе домашно инвеститори да се одлучат да инветираат во земјава, а тоа, како што кажа, се сигурни инвестиции бидејќи тука ќе останат.