За да имате 500 евра просечна плата, па дури и на крајот на вашиот мандат дури и тоа да бидат редовни парламентарни избори во 2020-тата, ќе треба да имате номинален пораст на платите на вработените за 11% годишно, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Тв дуелот со Зоран Заев.
Во текот на дебатата премиерот Заев истакна дека економските реформи се клучни и ги даваат резултатите, а според Мицкоски дека економските параметри на Владата не гарантираат подобар живот за граѓаните.
Мицкоски забележа дека во моментот искористеноста на гасоводот кај Крива Паланка е помалку од 25 проценти, а Струмица се снабдува со гас кој го транспортираат камиони кои се во сопственост на советник во Владата на Заев.
Минатата влада имаше проекти, проектот за гасоводот постоеше, не е нов. Проекти немаше во 2006 година кога владата имаше блокирана сметка.
Според него, стабилноста на економијата веќе ги дава своите резултати и ќе продолжи да ги дава, а граѓаните, рече, се тие кои треба да ги почувствуваат економските резултати.
– Христијан Мискоски има донесено 30 милиони евра инвестиции во Македонија во енергетиката. Јас со мојот труд во странство сум донел инвестиции во нашата држава кои вие оваа година не можете ни да го искречите.
- Јас како советник на Груевски работев пробоно, односно без надомест. Бев советник околу година ипол. Ви оставив неколку проекти во енергетиката, кои вие ги поништивте. А, сега на нивна основа правите нови, рече Мицкоски.
Тој најави дека и во Њујорк на средбата утре меѓу двајцата министри за надворешни работи ќе продолжат да се обидуваат да изнајдат достоинствено решение и да го заштитат идентитетот, а кое што ќе има шанса да помине во Грција оти, нагласи, само тогаш е можно решение.
Заев, исказите на Мицкоски ги оквалификува како „киша око Крагуевац”, а на тоа Мицкоски обвини дека власта ги распродава националните интереси и додаде:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавниот сервис на МТВ во дебата со Зоран Заев ги разобличи лагите на премиерот во однос на спорот за името и неконзистентниот став за името на Република Македонија.