Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ дуел го праша премиерот Зоран Заев, дали знае кој е најголем капитал за една држава, посочувајќи му дека тоа е народот.
Ние како политичка партија излеговме со наша позиција и кажавме во кој дел имаме забелешки, многу јасно, гласно и транспарентно го кажавме тоа дека договорот со Бугарија е асиметричен и еве допрва ќе видиме кои ќе бидат реалните последици во реалниот живот.
- Ние вниматлено слушаме и сме отворени за предлозите на опозицијата. Прифаќаме добри идеи, но не може да кажете дека не знаете детали за преговарачкиот процес. Во саботата ги слушнавте, истакна Заев,
Заев, пак, му одговори дека ако навистина се декларираат за ЕУ и НАТО интеграции мора да покажат и флексибилност и решение затоа што патриотизам на гладен стомак нема, а граѓаните, посочи ќе го кажат својот глас на референдум.
Во овој момент имаме егзибионистички процес на преговори. Така почнаа, така се тера, ќе видиме како ќе заврши. Гледаме дека не оди на арно работава.
Господине Заев не само што лажите туку сушите. Нашиот став после лидерската средба го кажавме ве замолив немојте да излагате со оваа изјава и да не ги уривате преговарачките позиции на Република Македонија, процесот не е веќе тука после таа изјава, а Грците ќе го одбијат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев.
Заев возврати дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога во јавноста, рече, се билдаше патриотизмот, а тајно се преговараше за името, лицитирајќи лепеза од предлози денес Влдата е отворена за процесот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во дуелот со Зоран Заев, истакна дека премиерот го урнисал целиот преговарачки процес за името со егзибиционистичкото водење на процесот на преговори.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев вечерва на ТВ Дуелот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, не е лесно да се реши ова прашање и на Македонија и треба лидерство конечно да исчекори напред.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел директно го запраша Зоран Заев во врска со реформите во јавната администрација дали преку конкурс градоначалничката на Битола го вработи својот брат или градоначалникот на Берово сопругата?