Правната држава е мисловна именка во Република Македонија. Правдата не постои во Македонија. Судството е целосно ставено во функција на политичка пресметка со неистомисленици. Сите процесите се водат врз политички факти.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го покани претседателот на СДСМ и воедно претседател на Владата, Зоран Заев, на ТВ дуел за отворено да зборуваат за името на нашата држава му предлага да се сретнат следната недела, в среда во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска телевизија
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата во понеделник на координација ќе го разгледа предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, вицегувернерката г-ѓа Анита Ангеловска Бежовска да биде новиот гувернер на Народната Банка на Република Македонија.
Христијан Мицкоски повторно се крие од јавноста и не дава одговори за тоа што го советувал поранешниот премиер и негов претходник Никола Груевски.
Денеска четврт ден ќе потсетиме и ќе повториме дека премиерот Зоран Заев и криминалниот картел на власт не работат во интерес на граѓаните и државата, туку само за себе и бизнисите на своите блиски.
Република Македонија со СДСМ на власт тоне. Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат, а Буџетот се користи како средство за богатење на криминалниот картел на чело со Зоран Заев.
- Народната банка на Република Македонија не смее да се остави без гувернер, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата, се согласија Иванов и Заеви и заклучија дека треба во соодветниот рок Македонија да избере гувернер.
По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан кој се одржа денес во Софија, Бугарија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.
Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) се оградува од пристапувањето на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам во Владата, поради тоа што „злоделата направени кон партијата не се забораваат така лесно“.