Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.С. (59) и Р.В.(59), двете од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтетирање на малолетно лице“.
На 26.07.2018 година во 06,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје В.Ц.(34) пријавила дека на 25.07.2018 година околу 22 часот на улицата „Маџари“ поточно во угостителски објект била физички нападната од страна на нејзиниот татко Л.Ц.(68) и нејзиниот брат И.Ц.(39).
На 26.07.2018 година во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.Д.(56) пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Лазар Поп Трајков“ додека го туркал својот моторцикл го поздравил Д.М.
На 25.07.2018 година во 21,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје З.С.(28) пријавил дека истиот ден околу 19,45 часот на обиколница после клучка Радишани, додека се движел со возило кон Сарај, го пристигнало друго возило управувано од И.Б. од с.Сингелиќ.
На 27.07.2018 година во 02,30 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, Д.С.(20) пријавила дека истата вечер околу 1 часот додека спиела во својот дом со нејзините деца, лицето В.С.(32) почнало да тропа на влезната врата, по што насилно ја отворил и се обидел да изврши обљуба врз неа.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“.
Барака од 70 метри квадратни на улицата „Сречко Пужалка“ број 65 во населбата Ченто е опожарена ноќеска. Повредени нема, причинета е само материјална штета која се проценува на 200.000 денари.
Петнаесетгодишна штитеничка од СОС Детското село вчера заминала до домот во непознат правец и не се вратила. Полицијата соопшти дека нејзиното заминување во 20 минути по полноќ го пријавила Д.К.(55) од СОС Детско Село во Полициската станица Гази Баба.
На 93 годишна возраст почина првоборецот и носител на партизанска споменица од 1941 година Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кој изрази жалење и сочувство кон семејството.
Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Сообраќајната полиција санкционирала 56 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 19 возачи.