На локалните дополнителни избори, независниот кандидат Петер Марки Зај, поддржан од неколку опозициски партии, беше избран за градоначалник на јужниот град Ходмезовашархели, долгогодишен бастион на ФИДЕС.
Швајцарската полиција соопшти денеска дека една жена загинала, а три лица се повредени во лавина на Алпите, во близина на границата со Италија.
Пјонгјанг ги осуди новите санкции на САД и наведе дека нуклеарното оружје ќе спречи какви било закани.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ги одложи плановите за посета во Вашингтон по тензичниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од двете страни.
Советот за безбедност на ОН едногласно ја одобри резолуцијата, со која се бара 30-дневен прекин на огнот на целата територија на Сирија, со цел доставување на хуманитарна помош и евакуација на болни и повредени лице.
Американската метеоролошка служба „Акјуведер“ (AccuWeather) објави временска прогноза за пролет 2018 во Европа, во која предупредува на висок ризик од поплави на Балканот поради чести врнежи дожд.
Турскиот Генералштаб денеска соопшти дека во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ во Африн се убиени уште 58 терористи.
Турција соопшти дека намерата на САД да отворат Амбасада во Ерусалим во мај ги игнорира одлуките на ОН и на Организацијата за исламска соработка и му штети на мирот.
Русија ги повика САД и Северна Кореја да преминат од тактика на чекање кон воспоставување на директен дијалог, изјави во интервју за ТАСС рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Моргулов.
Меѓународната агенција за рејтинг „Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Русија до инвестициско ниво „БББ“ од шпекулативното ниво „ББ+“.