Данска е „отворена“ за обезбедување борбени авиони на Украина за да ги поддржи нејзините воени напори против руската инвазија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен, јави телевизијата „Де Ер“
Конфликтот во Украина една година по руската агресија не се движи кон разрешница, туку кон дополнителна ескалација
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека неговите сили прават планови да ги потиснат руските трупи од земјата, една година откако Русија ја започна својата целосна инвазија
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, смета дека војната, за која верува дека Кремљ избрал да ја води во Украина, може веднаш да заврши доколку Русија ги прекине нападите и ги повлече своите сили
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во интервју објавено денеска за шпанскиот весник „Периодико“ уверува дека ЕУ не сака Русија да биде „уништена“
Велика Британија денеска, на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, воведе нови санкции против Москва кои се однесуваат на 92 физички лица и субјекти, вклучително и забрана за извоз на сите производи што можат да се користат на бојно поле
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска им порача на Украинците дека Европа ќе биде со нив се додека е потребно во „херојскиот отпор“ кон Русија и дека Украина ќе биде „слободна и обновена“
Северноатлантската Алијанса денеска се оквалификува како „одлучна“ во својата поддршка на Украина и нагласија дека „пропаѓаат руските напори да ја наруши решителноста на храбриот народ на Украина“
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ветува дека неговата држава ќе биде победничка во офанзивата за Украина и е подготвена да се бори до полската граница за да се спротивстави на „заканите“
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата