Животниот век на околу 40 проценти од Индијците најверојатно ќе биде пократок за повеќе од девет години поради загадување на воздухот, се наведува во денеска објавената студија на Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго
На 31.08.2021 во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година
Заборавени во фиоки, изгубени на плажа или складирани во албуми на носталгичните колекционери, Шпанците сѐ уште имаат пезети во вредност од 1,6 милијарди евра, речиси 20 години откако таа земја го претстави еврото како своја официјална валута, објави Шпанската централна банка
Резултатите од пописот на диви животни вo Кенија покажуваат дека бројот слонови и жирафи во земјата е зголемен
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, објави Светската организацијата доцна синоќа
Околу 28 проценти од бразилскиот извоз на злато во 2019 и 2020 година најверојатно доаѓа од илегални рудници, се вели во извештајот на јавните обвинители и федералниот универзитет Минас Гаераис, што укажува на широко распространето фалсификување документи и неефикасно спроведување на законот
САД, минатата недела, издадоа дозвола со која се овластуваат себеси и своите партнери да продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош во Авганистан, изјави официјален претставник на Министерството за финансии, откако талибанците ја презедоа контролата врз земјата овој месец
Во Њу Орлеанс синоќа беше воведен полициски час, два дена откако ураганот Ида го погоди брегот на американската држава Луизијана, и точно 16 години откако ураганот Катрина уби повеќе од 1.800 луѓе
Германските социјалдемократи се на пат да се вратат на чело на владата по изборите следниот месец, предводени од кандидатот за канцелар, министерот за финансии во актуелната коалициска влада, Олаф Шолц, кој не блескаше за време на кампањата, но за разлика од неговата ривали, тој не правеше грешки, туку во обид да се претстави како наследник на Ангела Меркел, проектираше сигурност, смиреност и експертиза, пишуваат светските медиуми
Американскиот претседател Џо Бајден се обрати до нацијата на крајот од најдолгата војна што ја водеа САД и уште еднаш ја објасни својата одлука да стави крај на 20-годишниот американски ангажман во Авганистан