Здравствените власти во Белгија се усогласија за тоа кои лица треба да бидат приоритетни за вакцинација, надвор од најзагрозените категории над 65-годишна возраст и медицинскиот персонал
ЕУ мора да преземе итни активности за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на трговскиот договор во Северна Ирска, и тоа до крајот на март, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор со премиерката на Северна Ирска Арлен Фостер
Француската правда за прв пат признава дека државата направила „грешка“ покажувајќи се неспособна да ги исполни своите заложби за намалување на гасовите со ефект на стаклена градина. Ова откако Управниот суд од Париз, ја усвои жалбата на неколку еколошки здруженија
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека е оправдано полициското задушувањето на опозициските демонстрации, организирани по апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, бидејќи тие претставуваат закана
Европската комисија денеска го презентираше Европскиот план за борба против ракот, кој се базира на новиот пристап на ЕУ кон превенција, лекување и закрепнување од последиците од оваа болест
Претседателот на Украина Володомир Зеленски денеска изјави дека ја поддржува слободата на говорот, но се противи на пропаганда финансирана од држава-агресор, алудирајќи на Русија
Најмалку 18 лица загинаа при судир на два автобуса на автопат во северна Гана, соопшти денеска локалната полиција
Четворица туниски воени лица денеска се убиени откако нивното возило било погодено од експлозивна направа во планинска област, изјави официјален армиски претставник
Компанијата „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд веќе планираат на есен да произведат нова генерација вакцини против Ковид-19, кои ќе штитат од нови видови коронавирус, соопшти британско-шведската фармацевтска компанија
Групата на седум најразвиени индустриски земји (Г7) денеска го осуди воениот удар во Мјанмар и изрази длабока загриженост за судбината на премиерката Аунг Сан Су Чи и другите притворени политички лидери