Мутираната варијанта на новиот коронавирус, која првпат беше откриена во Велика Британија, пронајдена е и во Австрија, соопшти денеска австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер.
Градоначалникот на белгискиот град Антверпен, Барт Де Вевер, лидер на сепаратистичката Нова фламанска алијанса и еден од најмоќните политичари во Белгија, ја започна новата година со непријатност, откако беше фатен дека не носи панталони за време на ТВ-интервју.
Според податоците на СЗО во изминатите 24 часа во светот евидентирани се 740.221 нов случај на коронавирус, а во истиот период починале 12.502 лица.
Европската агенција за лекови денеска не излезе со препорака за употреба на вакцината против коронавирус на „Модерна’ во ЕУ.
„БиоНТек“ и „Фајзер“ денеска предупредија дека немаат докази дека нивната вакцина ќе продолжи да штити од коронавирус доколку се даде втората доза подоцна од тестираната за време на испитувањето.
Акционерите на Фијат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот.
Мексико е подготвено да му понуди политички азил на Џулијан Асанж и со тоа да ја поддржи одлуката на британскиот судија да одбие екстрадиција на основачот на Викиликс во САД, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во денешниот извештај доставен до земјите-членки потврди дека во Иран е почнато повисоко ниво на збогатување на ураниум од досегашното, кое беше договорено со светските сили во 2015 година, изјави иранскиот амбасадор во агенцијата на ООН Казим Гарибабади.
Европската комисија денеска соопшти дека ќе го чека мислењето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пред да реагира на најавата на Иран дека започнал со збогатување на ураниум до 20 проценти, што веќе го осуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Стотици демонстранти се собрале денеска во Минеаполис барајќи правда поради убиството на 23-годипниот Афроамериканец Долал Ид.