Британскиот премиер Борис Џонсон денеска, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, изјави дека се радува на нивната соработка за „заедничките приоритети“.
Белгиските здравствени власти соопштија дека земјата бележи драстично зголемување на бројот на хоспитализирани лица денеска, по релативно стабилниот период, јавува дописничката на МИА од Брисел
Вакцината против Ковид-19 што ја развија Фајзер и БиоНтек најверојатно штити од позаразниот вид на вирусот откриен во Велика Британија, што се рашири ширум светот, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на германската компанија
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е назамисливо тоа што се изгубени полициски податоци, но нагласи дека неговата Влада работи на враќање на истите и ја проценува штетата, откако илјадници досиеја се случајно избришани
Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пред малку, заедно со сопругата Меланија Трамп, и официјално заминаа од Белата куќа и Вашингтон
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изрази денеска „големо олеснување“, неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на САД, нагласувајќи дека тоа чувство го делат многумина во Германија
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен во неделата по пристигнувањето од Берлин, тврди дека шефот на државата Владимир Путин има своја резиденција на Црно Море со терен за хокеј, кино сала, стриптиз клуб, казино и подземна црква, пишува „Дејли меил“
Кремљ оцени дека подобрувањето на односите помеѓу Русија и САД исклучително зависи од „политичката волја“ на Џо Бајден, кој денеска во Вашингтон положува заклетва како 46. претседател на САД
Директорот на Европската агенција за заштита на границите (ФРОНТЕКС), Фабрици Лаџери нема да поднесе оставка, изјави портпаролот на Агенцијата, истакнувајќи дека ФРОНТЕКС не е вмешана во назаконско одбивање на мигрантите
Првиот говор на Џо Бајден како претседател нема да биде за Доналд Трамп, изјави денеска портпаролката на новоизбраниот претседател, Џен Псаки, само неколку часа пред почетокот на инаугирацијата, јави ДПА