Вкупно 221 пратеник од Демократската партија и дури десетмина од Републиканската денеска го дадоа гласот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп.
Дебатата за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп заврши, а пратениците во Претставничкиот дом сега гласаат за резолуцијата за импичмент со што Трамп ќе стане првиот претседател во историјата на САД кому двапати во еден мандат му бил изгласан импичмент.
Влијателната републиканска пратеничка во Претставничкиот дом и шефица на пратеничката група на Републиканците во Долниот дом, Елизабет Чејни беше повика од страна на нејзините колеги – републикански пратеници, да поднесе оставка затоа што поддржува отповикување на претседателот Доналд Трамп.
Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан.
Во своето најново обраќање до нацијата преку Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тој не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и ги повика Американците да ги смират страстите, во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.
Лидерот на Републиканците во американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, на денешната расправа за импичмент на претседателот, оцени дека Доналд Трамп е одговорен за нападот врз Капитол, но и дека неговото отповикување би било грешка.
Во Велика Британија во последните 24 часа бројот на смртни случаи од коронавирусот достигна нов црн рекорд од 1.564, додека бројот на нови инфекции се зголеми за 47.525.
Претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси денеска оцени дека претседателот Доналд Трамп мора да биде отповикан, бидејќи претставува очигледна закана по националната безбедност.
Втората година од пандемијата на Ковида-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Франција денеска соопшти дека донела дома седум деца на француски џихадисти од североистокот на Сирија, продолжувајќи го многу чувствителниот процес на репатријација започнат по соборувањето на самопрогласениот калифат на терористичката група Исламска држава (ИД).