Нема каузална врска меѓу смртта на 91-годишното лице од Луцерн и вакцината што ја примило против Ковид-19, соопшти денеска швајцарскиот институт за лекови „Свисмедик“, додавајќи дека починатото лице имало повеќе болести.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус ги повика денеска сите земји да обезбедат вакцините против коронавирусот да бидат достапни до загрозените насекаде низ светот, а не само за богатите држави.
Нуклеарната централа Кршко, која ја прекина својата работа поради земјотресот во соседна Хрватска, не е оштетена и сите нејзини системи се функционални, покажа систематската инспекција во нуклеарката.
Пандемијата на коронавирус силно го погоди италијанскиот туристички сектор, предизвикувајќи драстичен пад на бројот на странски посетители во 2020 година, покажуваат податоците на Заводот за статистика.
Британските пратеници во Парламентот на Долниот дом го одобрија денеска трговскиот договор со ЕУ по Брегзит.
Уште една силна експлозија одекнала во близина на претседателската палата во јеменскиот град Аден, во која пред неколку часа беа префрлени членовите на новоформираниот владин кабинет, по нападот врз нив на аеродромот во истиот град, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на локалните медиуми и тврдења на двајца очевидци.
Младите од земјите во Југоисточна Европа, вклучително и од нашата земја, имаат можност преку SEEIIST (Mеѓународен институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа) да учествуваат во онлајн летна студентска програма на ЦЕРН (Европска организација за нуклеарни истражувања).
Аргентинскиот Сенат денеска го легализираше абортусот до 14-та недела од бременоста, важен чекор за регионот што има едни од најрестриктивните закони за прекинување на бремоста во светот и што се смета за голема победа на поборниците за правата на абортусот во земјата со мнозинство католици.
Во швајцарскиот кантон Луцерн почина едно лице, само неколку дена откако било вакцинирано против коронавирусот.
На меѓународниот механизам за пристап до вакцините против коронавирус – Ковакс му треба итно финансирање од над четири милијарди долари, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус преку видео обраќање до светската заедница во врска со првата годишнина од информацијата добиена во СЗО од Кина за избувнување „пневмонија од непознато потекло“ – болеста која подоцна беше наречена Ковид-19.