Александра Хал, високорангирана британска дипломатка во САД поднесе оставка поради односот на британската Влада кон Брегзит.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети линијата на фронот на истокот од земјата, на само неколку дена пред самитот на „Норманидската четворка“ за Украина на која ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека доверливиот владин документ во кој детално се посочува дека во договорот за Брегзит, што тој го преговараше, ќе постојат царински контроли меѓу Северна Ирска и Велика Британија, а кој во меѓувреме го добила и опозициската Лабуристичка партија, е „глупост“.
Русија и ОПЕК плус (Организацијата на земји извознички на нафта и земји кои не се членки на организацијата) се договорија за дополнително намалување на производството на нафта во првиот квартал од 2020 година за 500.000 барели дневно, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Претседателскиот кандидат Мајкл Блумберг денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лесно ќе го победи било кој ривал од демократскиот кампус за влез во Белата куќа на изборите следната година, отворено изјавувајќи „Доналд Трамп ќе ги изеде“.
Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц човечкиот им не може да го разбере.
Најновото издание на неделникот „Тајм“ денеска излезе со фотографија на украинскиот претседател Володомир Зеленски на насловна страница именувана „Човек во средината“. Ова е првпат украински претседател да се најде на насловната страница на влијателното американско гласило.
САД одбија понуда за соработка од руските власти околу истражните дејности во случајот со руските хакери, соопшти денеска Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Американскиот Стејт департмент, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ), синоќа распиша награда од пет милиони долари за информација за апсење на Максим Јакубец и Игор Турашев, руски хакери одговорни за кибер криминал со меѓународни компјутерски и финансиски измами и инсталирање софтвери со вируси на различни компјутери.
Најмалку 430 жени се убиени во Турција од почетокот на годинава досега, објавија турските опозициски весници.