Поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Парламентот ќе го отфрли договорот за Брегзит, а премиерката Тереза Меј ќе мора повторно да го преразгледа.
Камбоџанскиот режим Црвени Кмери извршил геноцид за време на нивното владеење од 1975 до 1979 година, пресуди Судот за воени злосторства, поддржан од Обединетите нации. Медиумите пресудата ја опишуваат како „историска“.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на новото високотехнолошко стратешко оружје, соопштија синоќа севернокорејските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи креаторката Лана Маркс за нова американска амбасадорка во Јужноафриканската Република.
Пентагон ги намалува антитерористичките сили во Африка и разгледува дали може да спроведе слични потези во останатите делови во светот во рамки на големите напори вниманието на американската војска да се насочи кон она што Вашингтон го смета за закана, а тоа се Русија и Кина.
Републиканци и демократи во Сенатот поднесоа предлог-закон кој има за цел воведување санкции кон Саудиска Арабија поради смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е обвинет по тајно обвинение, објави денеска „Вашингтон пост“.
Првите врнежи снег за оваа есен го парализираа функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк.
Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.
Ен-Би-Си тврди дека Белата куќа побарала одново отворање на постапката за екстрадиција на Ѓулен, како и информации за неговиот правен статус во САД, каде тој престојува со зелена карта уште од 90-те години на минатиот век.