Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се пдоготвува да го обвини Иран за кршење на Меѓунардониот договор за забрана на производство и употреба на хемиско оружје, соопштија аномини извори од Белата куќа.
Кина и Русија денеска на Самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), што се одржува во Папуа Нова Гвинеја, предупредија дека на глобалната економија и се заканува опасност од растечкиот протекционизам.
Предлог-договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што го постигнаа преговарачите на Брисел и Лондон, нема да добие поддршка во Парламентот во Вестминстер, изјави синоќа поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис.
Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) смета дека наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во Истанбул ја издал саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.
Илјадници граѓани вечерва протестираа во Братислава барајќи од поранешниот словачки премиер Роберт Фицо да прекине со нападите врз медиумите и невладините организации.
САД првпат гласаа против резолуција на Обединетите нации со која се осудува израелската окупација на Голанската Висорамнина.
Оксфордскиот речник го прогласи зборот „токсично“ (toxic) за збор на 2018 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека напишал одговори на прашањата на специјалниот обвинител Роберт Малер поврзани со истрагата за врските на неговиот изборен штаб од 2016 година со Русија, но се уште не ги доставил.
Сообраќајна несреќа со смртни последици, во која учествуваше и службеното возило на Амбасадата на Турција во Косово, во кое била и амбасадорката Кивилчим Килич, се случи вечерва на магистралниот пат Приштина-Гњилане, кај месноста Мрамор, јави дописникот на МИА од Приштина.