Белата куќа соопшти денеска дека привремено ќе му ја врати акредитација на новинарот од телевизијата Си-Ен-Ен, Џим Акоста, кој беше лишен од пристап до американското претседателство по вербален судир со претседателот Доналд Трамп.
Британската премиерка Тереза Меј денеска го именуваше досегашниот министер за здравство Стивен Беркли за нов министер за Брегзит, на местото на Доминик Раб, кој вчера поднесе оставка.
Европската Унија изрази загриженост во врска со притворањето голем број научници и активисти за човекови права во Турција и повика на нивно брзо ослободување.
Американскиот федерален судија и нареди на Белата куќа веднаш да ја обнови акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста.
Огромна зимска бура го погоди источниот дел на САД, при што загинаа најмалку осум лица.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, против кого беа водени неколку дела, повторно ќе одговара пред суд за поткуп.
Холандскиот премиер Марк Руте денеска ја отфрли идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање на европска армија.
Американската Администриција за храна и лекови (ФДА) предложи нови мерки за борба против зголеменото конзумирање цигари од страна на средношколците и младите во САД.
Истражувачка група „Белингкат“ и руската интернет-страница „Инсајдер“ тврдат дека руското разузнавање се инфилтрирало во компјутерската инфраструктура на компанија, која ги разгледува молбите за британски визи.
Муслимани од различни делови на светот денеска отслужија свечена молитва во спомен на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, објави турскиот весникот „Сабах“.