Членови на британскиот кабинет првпат направиле тајна подготовка за тоа како ќе дејствува Владата за време на 10-дневната национална жалост, која ќе биде прогласена кога кралицата Елизабета Втора ќе почине, пишува весникот „Сандеј тајмс“.
САД ќе воведат санкции за европските компании кои тргуваат со Иран, предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во Шведска денеска стапи во сила закон за согласност на сексуален контакт, со кој ќе се смета за принуда секој сексуален чин извршен без јасна согласност, дури и во случај да нема закана или појава на насилство.
Најмалку 18 лица загинаа, а 20 се повредени денеска во самоубиствен напад на пазар во авганистанскиот град Џалалабад, во провинцијата Нангархар, соопштија здравствените власти.
Иран ќе им дозволи на приватните компании да извезуваат нафта, како дел од стратегијата во борбата против американските санкции, изјави денеска иранскиот потпретседател Есках Џахангири.
ЕУ ќе започне преговори со африканските земји околу прашањето дали се подготвени на создадат на своја територија т.н. регионални платформи за прифаќање на мигранти, изјави еврокомесарот за буџет Гунтер Јотингер.
Властите во Словачка соопштија дека германската канцеларка Ангела Меркел не се обратила кон нив околу прашањето за договор за враќање на мигранти.
Американскиот комичар познат како Пелтечивиот Џон се јавил во Белата куќа и се претставил дека е сенаторот Боб Менендез, демократ од Њу Џерси, а претседателот на САД, Доналд Трамп му се јавил два часа подоцна од претседателскиот авион.
Противниците на планираната пензиска реформа денеска протестираат низ руските градови по повикот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Организаторите на парадата велат дека гувернерот на Истанбул „незаконски" веќе четврта година по ред го забранува собирот, а со тоа го крши нивното право на митинг.