Странски пилот и двајца авганистански војници загинале, а уште три лица се повредени при уривањето на хеликоптер кај воената база во авганистанскиот град Мазар и Шариф.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција не мисли од никого да бара дозвола дали смее да го купи рускиот ракетен систем С-400.
Најмалку девет лица биле повредени, а неколку стотици притворени по вчерашните масовни протести на германски националисти и про-имигрантски групи во градот Чемниц на истокот на земјата.
Серија силни експлозии биле регистрирана во близината на воздухопловната база Ал Мезе во сирискиот главен град Дамаск ноќеска. Инцидентот се случува во време кога сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници се подготвуваат за офанзива врз бунтовничката област Идлиб, додека западните земји се заканија со акција доколку Сиријците употребат хемиско оружје.
Во германскиот град Чемниц денеска се организираа спротиставени протести на националистички и про-имигрантски организации, при што голем број полицајци беа распоредени да ги држат двете толпи разделени.
Папата Франциско денеска го повика човештвото да се мобилизира за да стави крај на исфрлањето пластика во морињата.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска потврди дека нејзиниот напад врз автобус во Јемен, во кој беа убиени 50-ина луѓе, од кои 40 деца, бил неоправдан и вети дека ќе има одговорност за офицерите што го наредиле нападот.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека убиството на донетскиот сепаратистички водач Александар Захарченко е провокација од страна на Украина и ќе го поткопа мировниот договор од Минск, јави новинската агенција ТАСС.
Меган Мекејн, ќерка на неодамна починатиот американски сенатор Џон Мекејн, го искористи неговиот погреб да упати критики кон претседателот Доналд Трамп, со кого Мекејн честопати беше во конфликт и покрај тоа што доаѓаат од истата Републиканска партија.
САД, Франција, Британија и Италија денеска го осудија насилството што изби во либискиот главен град Триполи, и предупредија дека постои опасност оваа северноафриканска држава да потоне во уште поголема нестабилност. Најмалку 30 лица беа убиени во пресметките во либиската метропола во изминатите денови, а стотина беа ранети.