Директорот на Националните разузнавачки служби на САД Ден Коутс предупреди дека заканата од кибер-напади врз САД се зголемува и оти „црвените светла повторно се палат“, речиси две децении по нападите на 11 септември 2001 година, јави Гласот на Америка.
Група лути граѓани се собраа пред полициска станица во Чикаго откако полицаец уби маж во јужниот дел на градот.
Британската премиерка Тереза Меј во статија за весникот „Меил он сандеј“ ги предупреди членовите на владејачката Конзервативна партија дека можеби нема да се стигне до Брегзит ако го попречуваат нејзиниот план за излез од ЕУ.
Премиерот на Хаити Џек Ги Лафонтон синоќа поднесе оставка поради немирите по неуспешниот обид на Владата да ја зголеми цената на горивата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Меил он сандеј“ изјави дека планира да се кандидира за реизбор во 2020 година, а за 92-годишната кралица Елизабета Втора рече дека е „неверојатна жена“ која е „убава и одвнатре и однадвор“.
Кина одби да прима отпад за рециклирање од странство, што предизвика шок кај американските фирми за рециклирање
Малта и Франција се согласија да преземат 100 од 450 мигранти спасени од еден рибарски брод во Медитеранот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конти.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Москва ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за Сирија, Иран и Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп играше голф во клубот во Тарнери, западна Шкотска, Глазгов, каде што го помина викендот, пренесоа американски медиуми.
Градот Берхтесгаден на Баварските Алпи одлучи по пат на лотарија да ги доделува многу бараните гробни места на локланите гробишта.