Рускиот претседател Владимир Путин на американскиот колега Доналд Трамп му рече дека е време да се разговара за билатералните државни односи и за тешките проблеми помеѓу другите земји, јави Финската државна телевизија.
Стапката на невработеност во април изнесувала 9,6 отсто, што претставува годишен пад од 0,9 процентни поени. Во март 2018 година, невработеноста изнесуваше 10,1 отсто.
Финскиот весник „Хелсинкин Саномат“ резервираше десетици огласни табли на патот го минаа претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин од аеродромот до центарот на Хелсинки, за да ги повика да ја почитуваат слободата на печатот.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Евроспка унија денеска се дистанцираа од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ и САД се непријатели.
Кинескиот увоз од Северна Кореја во јуни опадна за 92,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Увозот се намали поради санкциите на ОН со цел Пјонгјанг да се принуди на запирање на нуклеарните и ракетните програми, соопшти кинеската Царинска управа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изрази надеж дека денешната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе биде прв чекор кон подобрување на „исклучително лошите односи“ меѓу двете земји.
Брод со 56 илегални мигранти бил пресретнат во Јонското Море, од страна на грчката крајбрежна стража. Бродот бил запрен во близина на островот Лефкада, откако еден од мигрантите испратил повик за помош.
Основачот на компанијата „Спејс Икс“ одговори гневно на критиките што стигнаа на негова адреса од британскиот нуркач Верн Вонсорт, еден од спасувачите на децата што беа заглавен повеќе од две недели во пештера во северен Тајланд.
Авионот во кој се наоѓа претседателот на Русија, Владимир Путин слета на аеродромот Хелсинки-Ванта, јави Финската државна телевизија. Телевизијата претходно јави дека поради доцнењето на Путин се пролонгира средбата со американскиот претседател Доналд Трамп за 20 минути.
И покрај повиците за негово откажување, самитот САД-Русија ќе се одржи според планираното, потврди Белата Куќа. Властите во Финска пак соопштија дека средбата Трамп-Путин ќе биде во претседателската палата во Хелсинки.