Јули е најсмртоносен месец во последните неколку години во Јапонија, при што над 330 луѓе загинаа во временските непогоди што ја зафатија земјата.
Калифорниските власти наредија евакуација на уште 10.000 жители од околината на градот Рединг, каде со денови беснеат шумски пожари.
Британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува дека исламистот Салман Абеди, кој пред една година уби 22 лица, кога се разнесе при концерт на Аријана Гранде во Манчестер, во 2014 година бил спасен во Либија од страна на британската воена морнарица.
Руската полиција вчера во Москва уапси четворица припадници на панк групата Пуси Рајот, набргу откако беа пуштени од 15 дневен притвор поради упадот на финалето на Светското фудбалско првенство.
Советот за безбедност на Обединетите нации побара да се одложи планираното намалување на мировните сили во Сомалија, поради недоволната подготвеност на сомалиските сили за гарантирање на мирот и стабилноста.
Американските разузнавачи проценуваат дека Северна Кореја подготвуваат еден до два нови балистички проектили кои би можеле да стигнат до западниот брег на САД.
Бројот на новинари, кои работат во американските весници е намален за 45 проценти од 2008 година и нема индикации дека ќе забави таквиот тренд, покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот Пју.
Генерали на армиите на Северна и Јужна Кореја се сретнаа денеска во граничното село Панмунџон да преговараат за намалување на тензиите меѓу двете држави.
Големата група туристи беше заглавена од завчера, кога силен земјотрес уби 16 лица и предизвика лизгање на земјиштето, кое го уништи главниот пат до вулканот.
Сириската армија денеска избила на Голанската Висорамнина, стратегиски важното подрачје на границата меѓу Сирија и Израел. Оваа територија изминатите седум години беше во рацете на исламистички групи, но по шестнеделна офанзива, Сиријците ги потиснале од Висорамнината.