Евентуалното признавање на Ерусалим за израелски главен град од страна на САД, може да доведе до прекин на односите меѓу Турција и Израел, најави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Украинската полиција денеска во Киев го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен украински опозициски лидер Михаил Саaкашвили под обвинение за „обид за соборување на власта“.
Руското Министерство за правда објави список на странски медиуми кои Русија од сега ќе ги смета за странски агенти, меѓу кои се и Гласот на Америка и Радио Слободна Европа.
Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг денеска предупреди дека војната на Корејскиот полуостров би била катастрофална, но нагласи дека Алијансата има средства со кои би одговорила на нуклеарните и ракетни напади, кога тие би биле изведени.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска соопшти дека се уште не е постигната целосна согласност со Британија за натамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската унија.
Еј-Би-Њуз соопшти дека го суспендирале нивниот новинар Брајан Рос, поради грешки во известувањето за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, по што во петокот паднаа вредностите на американските акции и доларот.
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон негираше тврдења дека ја напушта функцијата и дека ќе биде заменет од актуелниот директор на ЦИА, Мајк Помпео.
Во обраќањето прочитано од Хуан Кунмин, шеф на Одделот за пропаганда на ЦК на Кинеската компартија, се нагласува дека „киберпространството во Кина се развива со голема брзина и вратите на Кина ќе се отвораат се повеќе и повеќе“.
Во северниот дел на чешкиот главен град Прага денеска се урна пешачки мост над реката Влтава, долг 253 метри, објавија чешките медиуми.
Најстудениот декември во последните седум години ќе го расипе просекот на една од најтоплите години во Европа досега, проценуваат светските метеоролози.