Врховниот суд на Шпанија денеска им ги одзеде мандатите на шестмина членови на регионалниот Парламент на Каталонија, меѓу кои е и поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон.
Болницата во британскиот град Солсбери информираше дека Чарлс Роули, еден од двете лица затруени со нервниот отров „Новичок“ минатата недела, се освестил.
Франција дава целосна поддршка на имплементација на неодамнешниот договор меѓу Грција и Република Македонија во врска со името, е ставот кој ќе го пренесе шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан на Самитот од Берлинскиот процес посветен на Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.
Миланези рече дека Италија има докази за уфрлање на исламисти меѓу големите групи мигранти кои влегоа во земјата во изминатите години преку морската рута од Либија. Поради тоа, Миланези оцени дека мигрантската рута е директна закана за безбедноста на Европа.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека на претстојната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се дискутира за состојбата во Украина и во Сирија, двете кризни жаришта кои ги зголемија тензиите меѓу Вашингтон и Москва.
Британската Влада денеска ја одржа својата прва седница, по вчерашните оставки на двајцата клучни поборници на излегувањето на Велика Британија од Европската унија - министерите за надворешни работи и Брегзит, Борис Џонсон и Дејвид Дејвис.
Италијанската полиција уапси македонски државјанин, кој е осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад во името на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ДПА.
Овие денови на Твитер американската Централна разузнавачка агенција - позната под кратенката ЦИА, се појави необична објава. Со текст „Музејски артефакт на неделата - најава на ФБИС (Foreign Broadcast Information Service- интерна информативна служба на ЦИА), со кој се открива смртта на претседателот на Југославија Јосип Броз Тито“.
Високи дипломатски извори во НАТО велат дека не се очекуваат никакви блокади за издавањето на поканата за Македонија на утрешниот Самит.
Австриските министри за одбрана и за внатрешни работи Марио Кунасек и Херберт Кикел најавија дека може да ја ангажираат армијата за контрола на надворешните граници на Европската унија.