Државниот секретар на САД Мајк Помпео в четврток ќе отпатува во Северна Кореја на преговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави синоќа на прес-конференција портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Надбискупот Филип Вилсон (67) од австралискиот град Аделејд е осуден на една година затвор затоа што прикривал свештеник-педофил во бискупијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа соопшти дека на вчерашниот кризен состанок со најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада, Христијанско социјалната унија (ЦСУ), по „тешка битка“ е постигнат компромис за миграцијата.
Индонезиските вкласти соопштија дека синоќа дошло до уште една голема ерупција на вулканот Агунг, кој се наоѓа на островот Бали. Во седумминутната ерупција, облаците чад се издигнале на неколку километри височина, а лавата течела до два километри од кратерот.
Либиските власти соопштија дека 63 мигранти се водат како исчезнати, откако во неделата потонал гумениот чамец со кој патувале.
Германските партии ЦДУ и ЦСУ се блиску до компромис за миграцијата, Зехофер сака да остане министер за внатрешни работи, јави вечерва онлајн изданието на весникот „Билд“.
На мексиканскиот брег на Пацификот денеска се формирал нов ураган Фабио, но метеоролозите најавуваат дека веројатно ќе премине во голема бура која, како што се очекува, нема да претставува закана за граѓаните.
По деветдневна потрагата пронајдени се живи 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои беа исчезнати во поплавена пештера во Тајланд.
Шест од деветмината каталонски лидери, кои се во затвор поради нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија, ќе бидат префрлени во затвори во областа, соопшти денеска новата шпанска Влада.
Италијанската полиција соопшти дека разбила две групи што се занимавале со криумчарење на мигранти од Балканот во Швајцарија, при што биле уапсени 10 лица, меѓу кои и еден државјанин на Македонија.