Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска ги прошири санкциите против Русија и додаде 38 руски олигарси, државни директори и компании, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал.
Еврокомесарката за правда, Вера Јурова синоќа доби потврда од Фејсбук дека податоците на 2,7 милиони европски корисници на социјалната мрежа биле споделени со Кембриџ Аналитика.
Доставена е гаранција во висина од 75.000 евра за ослободување од притвор на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Панамската Влада соопшти дека ќе го отповика својот амбасадор во Венецуела и побара од Каракас да го повлече својот дипломатски претставник од Панама, со што ескалираат тензиите меѓу двете земји.
Британското разузнавање тврди дека супстанцијата, со која бил отруен поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал била произведена во руската воена научно-истражувачка база во градот Шихани, во Саратовската област, пишува денеска весникот „Тајмс“.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска по завршувањето на консултациите со лидерите на парламентарните партии, соопшти дека не е постигнат договор за формирање нова влада на Италија и најави нови разговори за следната недела.
Четири лица загинаа, а три други се ранети денеска при вооружен напад во Универзитетот „Османгази“ во северозападниот турски град Ескишехир.
Ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија, која заедно со него беше отруена во Солсбери, денеска првпат се огласи по инцидентот од 4 март што предизвика дипломатски потрес.
Новите европски правила за заштита на личните податоци, кои треба да стапат во сила на 25 мај 2018 година, ќе важат за сите корисници на Фејсбук, изјави основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.