Поранешниот полицаец Џозеф Џејмс Де Анџело уапсен е под сомнение дека во 70-тите и 80-тите години од минатиот век ширум Калифорнија извршил најмалку 12 убиства и 45 силувања.
Инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) посетија и другата локација во сирискиот град Дума.
Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.
Повеќе од 3.600 тони храна и 9,7 милиони литри напитоци се отстранети од потрошувачкиот пазар за време на заедничката акција на Интерпол и Европол, насочена против храна и пијалаци што се шверцуваат или не ги исполнуваат условите.
– По деталната анализа на собраните парчиња од ракетите, кратерите и уништувањата, заклучокот е дека максимум 22 од 105-те ракети, погодиле објекти во целната област, вели Рудској.
Филипините најавија дека ќе дозволат 10 блокчејн и крипто валути слободно да се тргуваат во нивната економска зона, при што организаторите на овие дигитални валути ќе можат да добијат и посебни даночни олеснувања.
Цената на нафтата денеска изнесуваше околу 74 долари за барел, што претставува пад, но сепак е една од највисоките цени во изминатите три години.
Француските медиуми опширно известуваат за посетата на претседателот Емануел Макрон на Вашингтон и покрај несогласувањето за решавање на некои светски прашања, сите ставаат акцент на нивното пријателство, оценувајќи дека измислиле нова дипломатија - дипломатија на допири.
Шпанската полиција заплени речиси девет тони кокаин, што бил скриен во контејнери со банани.
Германскиот производител на автомобили БМВ очекува растот на продажбата во Кина да му се преполови во текот на годинава.