Американските власти дозволија кинескиот производител на телекомуникациска опрема ЗТЕ да продолжи да работи со американски компании.
Вработеноста во Македонија бележи констатен раст и е на добар пат да ја постигне целта на Стратегијата за раст на регионот на Југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020).
Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди плановите на некои држави членки на Европската унија за отворање на мигрантски центри во северна Африка.
Турските власти денеска уапсија 16 лица, меѓу кои има активни и поранешни воени лица, кои се осомничени за поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).
Навистина ја ценам храброста на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за клучниот договор што го постигнаа, не само за народите на двете земји, туку и за сите нас во целиот регион, изјави во Брисел за МИА генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ.
Медицинската сестра од Лондон, Жозефин Ијаму, е осудена на 14 години затвор поради обид да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, со закана со вуду обреди.
Германскиот филозоф и социолог Јирген Хабермас упати остра критика кон политиката на Германија во однос на Европа.
Во кинеската метропола Шангај е прогласено жолто предупредување поради силните дождови и ветрот кој дува со 20 метри во секунда.
Американка пукала со огнено оружје и го убила синот поради тоа што сакал да ја стави во старечки дом. Настанот се случил во Феникс, објавија властите во Аризона.
Германската Влада информираше дека вчера депортирала 69 Авганистанци, чии барања за азил биле одбиени како неосновани.