Бугарија да ја искористи ситуацијата со откажаните летови на руски туристи кон Турција поради зголемувањето на бројот на болни од Ковид-19 и брзо да им издаде визи на руските гости, побара најголемото здружение на хотели и ресторани во земјата.
Производство на руска вакцина против коронавирусот Спутник В наскоро ќе се организира во Србија и Иран, а во фабриката Адиене Фарма и Биотек во Италија за неколку месеци, соопшти денеска Кирил Дмитриев, извршен директор на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Со 93 починати лица од Ковид-19 за 24 часа, Грција бележи уште еден негативен рекорд за 2021 година по бројот на смртни случаи, а рекорден е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, вкупно 802, 21 повеќе од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.
Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните
Угостителските објекти во Грција што се затворени од почетокот на ноември минатата година, според надлежниот министер за развој Адонис Георгиадис, би можеле одново да почнат со работа по Велигден, пред или заедно со отворањето на туризмот на 14 мај
Анализата на Евро-атлантскиот центар за безбедност во Софија предвидува дека најверојатното сценарио за инвазија на руските трупи во источна Украина, ќе ги повтори настаните од Грузија во 2008 година
Портпаролот на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не можат да потврдат постоење на нон-пејпер предаден од страна на словенечкиот премиер, Јанез Јанша како што јавија повеќе медиуми во регионот
Бугарскиот претседател, Румен Радев, го потпиша указот за свикување на првото заседание на новото 45-то Национално собрание на Бугарија, на 15 април 2021 година, соопшти прес-службата на шефот на државата
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Демократската опозиција на Србија (ДОС) му понудила на поранешниот претседател на СР Југославија и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но дека тој одбил затоа што мислел дека нема од што да бега
Имаме намера во текот на оваа седмица, од четврток, селф тестовите да бидат достапни и за други категории граѓани и вработени, кои би биле околу 900.000, рече државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Open“ и откри дека станува збор за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, како што се малопродажбата, судството, угостителството што е отворено, банките