Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Демократската опозиција на Србија (ДОС) му понудила на поранешниот претседател на СР Југославија и на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Слободан Милошевиќ да замине во Русија, но дека тој одбил затоа што мислел дека нема од што да бега
Имаме намера во текот на оваа седмица, од четврток, селф тестовите да бидат достапни и за други категории граѓани и вработени, кои би биле околу 900.000, рече државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Open“ и откри дека станува збор за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, како што се малопродажбата, судството, угостителството што е отворено, банките
Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека вакцината „Астра Зенека“ ќе биде повлечена доколку интересот за неа во земјата целосно се намали
Опозициската Демократската партија на Косово (ПДК) вели дека Владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти е неспособна да ја води државата и дека повеќе одошто со здравствената и економска криза во државата се занимава со изборите во соседна Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, коментирајќи го шпионскиот скандал во кој беше откриена група поранешни и сегашни воени разузнавачи кои работеле за руско воено разузнавање, за Би-Ти-Ви изјави дека Бугарите треба да мислат на Бугарија, и да не извршува нечии наредби.
Во среда Грција ќе ја добие првата пратка од 33.600 дози од вакцината Џонсон и Џонсон, а од понеделник и оваа вакцина ќе биде вклучена во процесот на имунизација во земјата, во кој досега е постигнатата 14 отсто имунизациска покриеност со првата и седум проценти со втората доза, соопшти генералниот секретар на Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанија денеска ќе добие нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер, а набрзо се очекува друга пратка со поголем број вакцини, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу.
Албанија останува главен извор на трговија со канабис во Европската унија и претставува закана за европската економија и општество.
Хрватска и дванаесет членки на Европската унија постигнаа договор за критериумите за издавање т.н. „зелен пасош“ што ќе го олесни протокот на туристи во време на пандемија, соопштено е денеска во Виена.
ГЕРБ како прва политичка сила по парламентарните избори во Бугарија ќе предложи своја влада по свикувањето на новото Национално собрание