Словенија ќе го почека мислењето на Европската агенција за лекови за вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон, чија пратка веќе пристигна
Канцеларијата на бугарскиот јавен обвинител соопшти дека е откриена група од земја надвор од Европската унија која финансирала група за купување гласови за време на парламентарните избори во Бугарија на 4 април
Претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека од денеска 14 април, под покровителство на претседателот на држвата, ќе се одбележува како Ден на лицата кои преживеале сексуално насилство во војната од 1998-99 година во Косово
Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, гостувајќи во телевизиска емисија зброувајќи претстојните парламентарни избори рече дека „промената е во рацете на Албанците”
Даниел Митов најверојатно ќе биде номиниран за нов бугарски премиер од партијата ГЕРБ, која доби најмногу гласови на парламентарните избори
Сопругата на бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе биде подложена на операција на аневризма на мозокот, поради што вчера беше итно хоспитализирана во болница во Софија
Говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата вели дека останува првичниот план, имунизацијата со конкретната вакцина да започне во понеделник
Бугарија се уште работи на Планот за обновување пред да го претстави во Брисел. Ова за Бугарското национално радио го изјави потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис
Велика Британија ќе ги повлече речиси сите свои војници од Авганистан откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе ги повлече американските сили до 11 септември 2021 година, објави весникот „Тајмс“
Бугарија да ја искористи ситуацијата со откажаните летови на руски туристи кон Турција поради зголемувањето на бројот на болни од Ковид-19 и брзо да им издаде визи на руските гости, побара најголемото здружение на хотели и ресторани во земјата.