Потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас, за грчката телевизија Антена, говорејќи за „зелениот пасош“ рече дека „амбицијата е да не се загуби летото“
Драгица Рашиќ од Ниш веќе една година доживува непријатности поради потврдата за смрт со нејзиното име и фотографија, придружена со навредлив текст, која се споделува на социјалните мрежи
Рестриктивни мерки за десет дена се воведуваат низ Бугарија од понеделник, најави министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов на брифинг во Советот на министри
Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ побара помош од Европската унија за отплата на кредитот што Црна Гора го зеде од кинеска банка за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари
Бугарските болници и служби за брза помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Синдикати, студентски здруженија, претежно левичарски ориентирани, лекари, но и правници и адвокати, попладнево одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, барајќи заштита на здравјето на граѓаните и зајакнување на здравствениот систем кој е под огромен притисок поради пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира Комисија што ќе изготви националната стратегија за еднаквост на ЛГБТИ лицата за периодот 2021 – 2023 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Србија е убедлив лидер по бројот на вакцинирани лица во регионот и е еден од лидерите во Европа, но, иако вакцината против корона е достапна во поголеми количини во Србија, сепак 30 отсто граѓани веројатно нема да се вакциниранаат, додека 16 отсто се изјасниле дека сигурно нема да ја примат, покажа неодамнешното регионално истражување на компанијата Валикон, јави дописникот на МИА од Белград.
Новоотворената Амбасада на Косово во Израел, во координција со Министерството за надворешни работи, за попладнево организира виртуелна средба на косовскиот министер за здравство Арменд Земај со неговиот израелски колега Иули Еделстеин
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, оцени дека во моментов односите со Србија се „малку воздржани“, но дека желбата на неговата влада, а смета дека тоа го сака и Владата на Србија, е „да се направат најдобри односи“