Бесплатните тестови за Ковид-19 за домашна употреба (т.н. селф тестови), се очекува од утре да бидат достапни во аптеките во поголемите грчки градови и од петок во целата земја, а во првата фаза ќе бидат наменети само за средношколците на возраст од 16 до 18 години и за нивните професори
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак ги соопшти резултатите од анкетата според која 25 проценти од хрватските граѓани апсолутно одбиваат каква било вакцинација, а 10 до 15 проценти се двоумат дали да ја примат вакцината
Христо Иванов, лидер на Демократска Бугарија, кој влегува во новиот бугарски парламент, објави дека има намера да спроведе конкретни реформи, да не учествува во влада по секоја цена – особено ако понудата доаѓа од ГЕРБ или БСП.
Американскиот заменик помошникот државен секретар Метју Палмер по „виртуелна посета“ на Албанија упати порака со која побара изборите на 25 април да бидат според демократските стандарди и да се обезбеди граѓаните да им веруваат на изборните резултати.
Во Словенија, во третиот бран на епидемијата со Ковид-19, бројот на хоспитализирани лица со тешки симптоми рапидно расте, поради што владата денеска им нареди на болниците да го зголемат капацитетот во одделите за интензивна нега на ковид-болниците.
Во Грција регистриран е негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во 2021 година, починаа 79 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на 8.532 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Запленети се и одземени над 800.000 лева, по докази за купување гласови во корист на одреден кандидат, партија или коалиција, јавија медиумите во Бугарија повикувајќи се на државното Обвинителство.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја посети Рудна глава, каде беше вакциниран со Синофарм вакцината против коронавирус
За случаите од петокот во источниот дел на Егејското море, кога чамци со мигранти, во придружба на турски патролни бродови се упатувале кон грчките територијални води, грчкиот министер за миграција и азил, Нотис Митаракис, испратил писмо до потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, и до комесарката за внатрешни прашања, Илва Јохансон
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу преку објава на социјалните мрежи информираше дека заклучно со вчерашниот ден во Албанија против Ковид-19 имунизирани се 206.708 лица