Паралелно со отворањето на малопродажбата во понеделникот, во центарот на Атина се интензивира и тестирањето за Ковид-19 на граѓаните со бесплатни брзи тестови од мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција
Албанскиот премиер Еди Рама во реакција во врска со штрајкот на контролорите на аеродромот во Тирана го обвини претседателот Илир Мета дека тој заедно со Сали Бериша, ги поттикнал котролорите на летање на штрајк.
Партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, која победи на парламентарните избори во Бугарија, ќе предложи влада и ќе побара поддршка од парламентот од другите партии во Националното собрание, изјави министерката за труд и социјална политика Деница Сачева.
Лидерот на втората партија по парламентарните избори во Бугарија „Има таков народ“ Слави Трифонов, го даде првиот коментар, јави дописникот на МИА од Софија.
Во Србија досега се дадени 2.650.000 дози вакцини, ревакцинирани се над 1.129.000 лица, имунизирани се околу 810.000 граѓани, а вакцинирани се и околу 39.000 странски државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
Воената полиција и силите за брза интервенција се вклучија во обезбедувување на аеродромот во Тирана.
Со потврда за негативен резултат од направениот тест за Ковид-19 за домашна употреба (селф тест) два пати седмично, задолжителна како за учениците, така и за професорите, од понеделник се отвораат дел од средните училишта во Грција, односно за учениците на возраст од 16 до 18 години, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради штрајк на вработените во контролата за летање, одложени се сите летови на меѓународниот аеродром во Тирана.
Албанскиот премиер Еди Рама објави видеозапис каде ги објаснува причините зошто е потребно граѓаните да и го даде третиот мандат на неговата Социјалистичка партија
Борисов соопшти дека ГЕРБ ќе предложи влада, во согласност со бугарскиот Устав, како прва политичка сила во земјата, предвидувајќи дека нема да биде избран, по што мандатот ќе го добие партијата на Трифонов „Има таков народ“.