Неуспехот на властите во Босна и Херцеговина да обезбедат навремена и масовна вакцинација на населението против коронавирусот ќе има значителни последици не само за здравјето, туку и за економијата, чие очекувано закрепнување сега е доведено во прашање, проценува Меѓународниот монетарен фонд
Камион на српската војска, кој превезувал три ракети од ракетниот систем „Панцир“, слетал од патот и се превртел, објави порталот Пинк
Доколку продолжи ваквата тенденција со коронавирусот, во Србија од 12 април ќе можат да се отвораат трговските центри, а од 19 април и враќање на учениците во училиштата, изјави членот на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ, по седницата на ова владино тело
Централната изборна комисија ги објави конечните резултати од парламентарни избори во Бугарија, одржани на 4 април
Претходно денес, лидерот на ГЕРБ и бугарски премиер Бојко Борисов по посетата на Рилскиот манастир објави дека поднел барање со кое одбива да биде член на парламентот во новоизбраниот бугарски парламент.
На консултациите на премиерката Ана Брнабиќ одлучено е да се поведе постапка за промена на Уставот на Србија во областа на правосудството, јави дописникот на МИА од Белград.
На новинарско прашање за одлуката на Европскиот суд за човекови права дека одлуките за задолжителна вакцинација ќе бидат легални, Брнабиќ кажа дека во Србија и без тоа веќе има голем интерес за вакцините .
По два дена прекин на летовите, поради штрајк на контролорите за летање, од утре аеродромот во Тирана се враќа во нормала, изјави денеска албанската министерката за инфраструктура, Белинда Балуку.
На аеродромот во Тирана, попладнево пристигна пратка со 100 илјади дози кинески вакцини, со еден ден задоцнување, поради блокадата на аеродромот од страна на контролорите на летање, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Бројот на нови пациенти расте во Хрватска, од кои 3.217 се регистрирани во последните 24 часа, а 36 лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.