Властите во Црна Гора одлучија да заклучат 11 градови и општини каде што ќе биде забрането работење на трговски центри, обложувачници и фитнес центри. Таа мерка ќе важи во следните седум дена.
Во Албанија од почетокот на пандемијата, битката со Ковид-19 ја изгубиле 43 здравствени работници, од нив околу 90 отсто лекари,кои инфекцијата ја добиле на работното место.
Упатуваме апел до приватните лекари со соодветни специјализации поврзани со Ковид за да се вклучат во националниот систем на неколку дена, седмици, месеци и да помогнат во огромните напори што се прават, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
На 16 март 2021 година ќе се одржи 62-от круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Бројката на активни носители на коронавирусот во Косово за прв пат надмина 10 илјади и, вклучително новозаболените 529 од Ковид-19 минатото деноноќие, моментно изнесува 10.091, јави дописникот на МИА од Приштина.
Мирно и без проблеми заврши протестот на студентите во Атина, организиран на една година откако поради пандемијата се затворија универзитетите во цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Подрачјето на Банија, во централна Хрватска, од земјотресот на крајот на декември минатата година, со јачина од 6,2 степени, регистрира повеќе од 900 последователни потреси, поради што речиси 3.000 луѓе се иселија од таа област.
Државите од регионот бележат драстичен пораст на бројот на новозаболени лица со коронавирус, што главно се припишува на опуштањето на граѓаните, непочитување на епидемиолошките мерки и мутации на вирусот, чии нови видови се позаразни и предизвикуваат посериозна клиничка слика.
Познатиот албански епидемиолог Илир Алимехмети оценува дека состојбата со Ковид-19 во земјата е вон контрола, додавајќи дека заразени граѓани ги преполниле здравствените центри, болниците, а се движат и по улиците иако се заразени.
Лицата кои оздравеле од ковид-19 во Словенија ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината, соопшти денеска Владата во Љубљана