Албанскиот премиер Еди Рама му одговори на претседателот Илир Мета во врска со прашањето за проширување на Грција за 12 милји на Јонско Море.
До 16 часот, во петте болници во Атина, беше вакцинирано 471 лице, а беше пријавен случај на алергиска реакција, но која не е сериозна и успешно беше третирана, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за планот за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.
Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека сè уште не знае дали ќе биде кандидат за премиер на претстојните предвремени избори во земјата и оти Демократскиот сојуз на Косово има неколку кандидати од кои секој е подобар од другиот
Кризниот штаб одлучи на 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија да бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот, јави допсиникто на МИА од Белград.
Албанскиот претседател Илир Мета со остра реакција се јави по одлуката на Грција да се прошири за 12 милји во Јонско Море, нагласувајќи дека „ ниту во еден момент нема да дозволи закани по државните и национални интереси“.
Четворица министри од грчката Влада, како и лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас денеска ја примија вакцината на Фајзер/БиоНТек на вториот ден од вакцинацијата во Грција
Вакцинацијата против коронавирус во земјите од Западен Балкан ќе почне следната година, освен во Србија, каде веќе пристигнаа 4.875 дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што е доволно за вакцинирање на околу 2.400 лица, со оглед дека се неопходни по две дози по лице за стекнување имунитет
Сигурно е дека нема да има олабавување на мерките за Нова година и Водици, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, потенцирајќи дека рестриктивните мерки, односно карантинот ќе бидат во сила, како што беше најавено до 7 јануари 2021 година
Европската комисија усвои денеска пакет од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2), како поддршка за пристап на партнерите од Западен Балкан до вакцини против Ковид-19, кои ги набавиле земјите членки на ЕУ
За случувањата во регионот со акцентот на Западен Балкан, како и за кампањата на ЕУ за вакцинацијата, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, соопштија преку „Твитер“ од грчкото МНР