Во периодот меѓу петок и сабота вечер во Грција се потврдени 62 шумски пожари, соопштија надлежните власти.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се започнати „одредени иницијативи“ за зајакнување на српското воено воздухопловство, особено бомбардерските компоненти.
Резидентната координаторка на Обединетите нации во Босна и Херцеговина др. Ингрид Мекдоналд и шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во БиХ, др. Виктор Олсавски преку заедничката изјава изразија загриженост поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во таа земја и ја истакнаа неопходноста од следење на контактите на заразените, со цел борба против епидемијата и отворање на економијата
Директорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години
Српскиот инфектолог Мијомир Пелемиш изјави дека стекнувањето колективен имунитет не е решение, туку решението го гледа во вакцина доколку, како што рече, коронавирусот не исчезне сам од себе
Сите специјални мерки против ширењето на коронавирусот во општините на северот на Црна Гора ќе бидат укинати од денеска, соопшти Владата на Црна Гора
Албанскиот претседател, Илир Мета, поддржува целосно отворени изборни листи,што е предлог на обединетата опозиција, затоа што, според него, тоа е единствен начин да се врати парламентаризмот во земјата
По одбивањето на барањата за членство во повеќе меѓународни организации, вклучувајќи ги и Европол и Интерпол, косовските политички аналитичари сметаат дека сега Косово треба да се фокусира на внатрешната борба против криминалот, како и да добие поддршка од земјите што веќе се дел од тие организации, пренесува „Газета експрес“
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ денеска повтори дека ниту едно решение за косовското прашање не треба да биде врзано за позицијата на државата Босна и Херцеговина, додавајќи дека „гадно се лажат оние кои мислат дека нешто ќе компензираат врз грбот на БиХ“
Откако со нејзино посредство партиите во Албанија ја договорија и веќе ја изгласаа изборната реформа, американската амбасадорка Јури Ким, денеска порача дека треба да се заокружат правосудните реформи, што „нема да бидат лесни, но се неопходни“