Собранието на Косово денеска повторно не успеа да ратификува пет меѓународни договори, во вредност од над 60 милиони евра
Средбата на косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Авдулах Хоти, што се одржа денеска, беше најдобрата можна координација пред заминувањето во Вашингтон, каде на 27 јуни ќе се одржи состанок на претставници на Белград и Приштина, пренесува приштинскиот весник „Коха“
Во Албанија денеска на полноќ завршува вонредната состојба поради „природна непогода“ прогласена заради пандемијата со Ковид-19
Грчко – турската граница кај Еврос ќе ја посетат утре министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и потпретседателот на Европската комисија и комесарот за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел, објавија грчките медиуми
Две лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец од терористичката група ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, во турската база за воена обука во Могадишу, главниот град на Сомалија, соопшти локалната полиција
Со новодијагностицираните 52 случаи со Ковид -19, во последното деноноќие, во Албанија бројот на заразените ја надмина бројката од две илјади
Поради зголемено ниво на водостојот на реките, во седум области во Романија е издаден црвен аларм од поплави, а во 27 е издадено портокалово предупредување за водотеците, соопшти денеска романскиот Институт за хидрологија и водостопанство
Од денеска во Србија задолжителна е употребата на заштитни маски во превозот на патници, објави Владата на Србија по седницата на Кризниот штаб
Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за туризам започна со онлајн едукативни семинари за лекарите кои соработуваат со хотелите и туристичките објекти во пресрет на сезоната
И покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19 на западниот Балкан, Европската Комисија не ја менува препорака за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови