Следната учебна годишнина во Словенија наставата нема се изведува само класично, односно таа ќе биде комбинација од настава во училиште и дигитална настава на далечина, најавија од Министерството за образование
Во бродот од островот Егина, кон Атина, доцна синоќа, не се почитувале мерките за растојание меѓу патниците при влезот, ниту пак носеле маска, според фотографиите што ги објави онлајн изданието на весникот „Прото тема“, додека пак забавите продолжуваат да се одржуваат во барови и кафулиња на Миконос, но и во други грчки градови
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус
Романскиот Национален институт за хидрологија и управување со водите денеска објави црвен аларм од поплави во поединечни делови од земјата
Во 2019 година, Хрватска остана на претпоследното место меѓу земјите на Европската унија во однос на реалната индивидуална потрошувачка и БДП по глава на жител, според првите проценки на Европскиот завод за статистика
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европска Унија е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на патот кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско опоравување по кризата со Ковид-19
-Вечерва добивме апсолутно незабележан резултат, поголем од сите досега, но и порака дека мора да бидеме уште подобри и со уште повеќе резултати. Во идната влада ќе земеме луѓе и кои не беа на нашата листа и ќе ги забрзаме реформите, изјави Вучиќ.
Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите.
Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика, заедно со Генералната дирекција за поморска пловидба соопштија дека од утре повторно се воспоставува поморскиот сообраќај, прекинат на 10 март поради пандемијата со Ковид-19.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19 со што бројката на заразени се зголеми на 3.266 лица, јави дописничката на МИА од Атина.