Покрај ова, на сликите се гледа дека на масичката до креветот во кој што спие Борисов има оставено пиштол, а во фиоката можат да се забележат златни предмети и евра.
Европската комесарка Илва Јохансон ги предупреди властите на Босна и Херцеговина дека ЕУ може да им ја скрати помошта во рамки на „миграцискиот менаџмент“, бидејќи тие не ги почитуваат правилата за давање помош на бегалците.
Групата пратеници од албанската парламнетарна опозиција, во која е и Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за еворпска интеграција, попладнево оствари средба со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.
Грчката полиција уапси 47-годишен маж, кој се претставувал како лекар специјалист, на пациенти со неизлечиви болести им нудел негова „терапија“, ветувајќи им целосни заздравување, Од „терапијата“ починале три лица, меѓу кои две деца, додека пак измамил најмалку 45 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Словенија регистрирани четири нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а епидемиолозите предупредуваат дека тоа е директна последица од отворањето на границите, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Американската Амбасада во Тирана преку Твитер објави дека САД и доделиле на Албанија дополнителни 346.000 американски долари за да помогнат во справувањето со пандемијата со Ковид – 19.
Услуги до 15 минути и употреба на маска, како за клиентите, така и за вработените, се дел од новите правила и мерки под кои борделите во Грција, од понеделникот, по тримесечна пауза одново започнаа со работа, јави дописничката на МИА од Атина.
Изборната реформа, што е една од 15-те услови што Албанија треба да ги исполни за почеток на преговорите со Европска Унија повторно „заглави“ поради несогласувањата на членовите на Политичкиот совет за тендерот за биометриска идентификација и изборот на членовите на Централната изборна комисија (ЦИК).
Од 40 невладини организации кои се активни во прифатните центри и бегалските кампови во Грција, само 18 ќе продолжат со нивната работа и само тие ќе имаат право на влез во деловите каде што се сместени бегалците и мигрантите, бидејќи останатите НВО не доставиле барање за регистрација во втората фаза предвидена со новиот регистар, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод утрешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека „мисли да Русија ќе го поддржи секое решение што е во интерес на Србија.“