Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин Реске по средбата со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.
Од суштинско значење е изборниот процес во Србија да не го загрозува здравјето на граѓаните, медиумите да обезбедат простор за сите политички актери и да се овозможи работата на меѓународните и домашните набљудувачи, истакна Тања Фајон, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Србија, по видео-конференциската врска со министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Надворешната трговија на Косово забележа значителен пад како последица на блокадата на економските активности за време на пандемијата, така што во април годинава увозот на стоки во земјата беше за 34,4 отсто понизок споредено со истиот период од минатата година, објави Агенцијата за статистика на Косово
По 62 дена, кафулињата и угостителските објекти во Грција денеска повторно ги отворија вратите за гостите, но само во надворешниот дел и на летните тераси
Поради мерките на словенечката Влада во борбата против коронавирусот, хотелите во земјата бележат историски пад на бројот на ноќевања
Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни
Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан изјави дека Западен Балкан и припаѓа на Европа и напорите на земјите од тој регион ќе бидат наградени
Во Косово вчера не е регистриран ниту еден нов случај на заразен од новиот коронавирус по извршените 138 тестирања, додека истиот ден се потврдени четири случаи на лица кои ја пребродиле болеста и ниту еден починат
За време на утрешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и за внатрешни работи ќе ги објаснат деталите за начинот на кој ќе работат основните училишта и градинките.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот