Ако продолжи да се смирува ситуацијата со коронавирусот, јуни, според внимателни прогнозери, би можел да донесе десетина проценти, а според оптимистите и до 30 отсто од туристичкиот промет од истиот период лани, кога Хрватска имаше малку повеќе од три милиони туристи и околу 15 милиони ноќевања, пишува „Вечерњи лист“
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската Партија (ДП), Љуљзим Баша, доби парична казна, а одземена му е и возачката дозвола поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и ширење на болеста
На социјалните мрежи во Словенија за денеска во повеќе градови се закажани нови антивладини протести
Словенците и граѓаните на другите земји членки на Европската унија нема повеќе да одат во 14-дневен карантин по влезот во земјата
Со централна тема и состаноци прилагодени на моменталната ситуација поради пандемијата со Ковид-19, Грција денеска го презема претседателството со Советот на Европа, а манифестацијата на примопредавањето ќе се одржи на далечина, преку интернет
И покрај тоа што словенечката Влада прогласи крај на епидемијата со коронавирусот, заштитните мерки остануваат во сила, а повеќе објекти се уште немаат дозвола да работат
Европската унија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Црна Гора и ги повикува сите страни да покажат умереност и да го почитуваат владеењето на правото, изјавија од Европската комисија за телевизијата Н1.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска најави дека Парламентот ќе биде распуштен в понеделник, 18 мај и го извести претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, кој има можност да распише избори за 21 или 28 јуни односно 5 или 12 јули.
Албанскиот претседател Илир Мета, до Уставниот суд достави барање за испитување на уставноста на одлуката на Владата со која Националниот театар преминува во сопственост на општина Тирана, која пак веќе подготвила одлука за негово уривање.
Владата на Република Србија на денешната седница донесе измена на одлуката за протокол за влез на српските државјани во Србија, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразна болест КОВИД-19, соопштија од владата.