Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.
Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово објави дека попладнево на нејзиниот оддел за интензивна нега починал 53-годишен маж од Призрен, кај кој претходно е потврдена заразата од новиот коронавирус.
Тестирањето ќе биде спроведено во различни делови од земјата и на различни групи според возраста, ќе учествуваат волонтери, а процесот се очекува да заврши до 28 април 2020 година, а резултатите.
Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 29 случаи со Ковид-19. Од нив 20 се во Тирана, од кои пак 13 се затвореници од затворот „313“, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го поддржа партискиот потпретседател и поранешен вицепремиер Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерството за образование на Словенија објави дека досега над 46.000 редовни студенти аплицирале за добивање директна државна финансиска помош, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Рестриктивните мерки во Грција со кои се ограничува слободното движење на граѓаните, се продолжуваат за една седмица, односно наместо до 27 април, во сила ќе бидат до 4 мај, соопшти портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Забраната за движење во Србија најверојатно ќе биде во сила и овој викенд, од 18 часот в петок до пет часот в понеделник, а за подоцна ќе се процени според епидемиолошката ситуација и советите на лекарите, изјави претседателот Александар Вучиќ по посетата на болницата во Воено-медицинскиот центар Карабурма.
Поранешните словенечки премиер Марјан Шарец најави дека неговата пратенички група ќе поднесе интерпелација за министерот за економија Здравко Почивалшек, поради случајот со набавката на заштитна и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според анкетата, 78 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот најмногу се присутен во јавниот превоз, 54 отсто на површините како што се кваки, јавни прекинувачи и сл, 48 проценти во супермаркетите, а тројца од десет рекле во работните простори.