Според анкетата, 78 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот најмногу се присутен во јавниот превоз, 54 отсто на површините како што се кваки, јавни прекинувачи и сл, 48 проценти во супермаркетите, а тројца од десет рекле во работните простори.
Словенија повторно ќе почне со подигање на заштитна ограда на границата со Хрватска со цел да ја спречи илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Граѓаните на Унгарија и Србија од денес ќе можат да ја преминуваат границата, доколку работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата страна на границата, објави на својот Фејсбук профил унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.
Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата не се регистрирани нови починати лица како последица од Ковид-19
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е горд што Србија не е на листата список со Украина, Босна и Херцеговина, Тунис, Албанија, Косово и Македонија за финансиска помош од Европската комисија, при тоа додавајќи оти ЕК не понудила финансиска помош, туку поволни кредити за земји кои имаат нарушувања во платниот биланс
Српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), чиј лидер е Драган Ѓилас, денеска најостро ја осуди одлуката на српските власти да не земаат стотици милиони евра помош од Европската комисија и ги обвини дека се задолжуваат „кај шеикот“, затоа што трошењето на овие пари, за разлика од парите добиени од Европа, никој не ги контролира
Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10 часот и 20 минути по локално време во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кефалонија
Простор во кој можат привремено, до шест месеци да бидат згрижени 70, а најмногу 140 бездомни лица корисници на дрога, за прв пат е отворен во центарот на Атина
Албанскиот законодавен дом денеска одлучува за тоа дали ќе продолжи или не вонредната состојба во земјата поради пандемијата со Ковид-19
Албанија, која започна со олеснување на некои од најтешките рестриктивни мерки во Европа оваа недела, што беа воведени поради пандемијата со Ковид-19, ќе им овозможи на продавниците, таксистите и судовите да продолжат со работа следната недела, доколку ги исполнуваат стандарди за хигиена и физичка дистанца